Продолжија активности за асфалтирање на пристапни патеки и краци од улици кои се одвиваат во Велгошти.
Пред почетокот на новогодишните празници се асфалтира поголемиот дел кој е предвиден со овој договор, а согласно предвидената динамика, активностите продолжија после празниците и се очекува деновиве да завршат, информираат од Општина Охрид.
Вредноста на договорот изнесува околу 2 900 000 денари, а средствата се обезбедни преку Министерството за транспорт и врски и буџетот на општина Охрид.
OhridNews