Македонските едриличари беа акtивни во продлолжен викенд како на Државно така и на Меѓународно ниво.

Во организација на Едриличарскиот клуб „ Снегар“, од Струга и Едриличарската федерација на Македонија во Струга се одржа Државното  Првенство за класата ЛАСЕР и класата ФИН.

Државен првак во класата Ласер Стандард е Александар Фармакоски од од ЕК АМАК СП –БОФОР- Охрид. Со сребро се закити Ердал Лушо од ЕК СНЕГАР –Струга, а трет беше Колески Климе од ЕК АМАК СП –БОФОР- Охрид.

На чествртото, петото и шетото место беа едриличарите од Струга:Кирил Мирчески, Маријан Грданоски и  Димитар Чаторошкоски, додека осми беше Мошоски Славчо од ЕК АМАК СП –БОФОР- Охрид.

Државен првак во клсата Фин е Анрееески Иван од ЕК СНЕГАР –Струга, додека второто место му припадна на Саше Бранковски од истиот клуб.

Во истиот период, тричлена екипа составена од подмладокот од ЕК АМАК СП – БОФОР- Охрид, зеде учество на меморијалната регата „ Зоран Радосавлјевиќ“, што  се одржа на Савско Езеро, во Р.Србија.

Организатори на овој масовен натпревар беа: Здружението Зоран Радосавлјевиќ, Едриличарската федерација на Србија и Едриличарскиот клуб Ламар од  Белград во соработка со Секретаријатот за млади и спорт и Општина Белград.

Нашите претставници зедоа учество во класата Оптимист,каде во конкуренција од  41 едриличар се пласираа во следниот редослед:

Илче Грунче- 21во место
Дамјан Поп- Стефанија- 23то место
Љупчо Бојаџи – 35 то место.

Освен во класта Оптимист,едриличарите се натпреваруваа и во клсите Крстач и М 550

ohridnews