Освен за плажа, престојот во Струга овие гости го користат и за купување низ струшките продавници. Како што велат тие, цените во маркетите и продавниците за облека во земјава се многу пониски.
Според информациите од струшките хотелиери, деновиве во Струга престојуваат и грчки туристи.
Грците во Струга доаѓаат организирано преку туристички агенции. Според информациите на нивните тур-оператори, овој викенд во Струга престојуваат околу 900 гости од Грција.