Продолжението на филмот „Супермен „Човек од челик“, на студиото Ворнер, во кината би требало да се појави во 2014 година. Продолжението на Супермен било најавено и пред големиот успех на Зак Снајдер.


Филмот овој викенд заработил 113 милиони долари на светските кино благајни и така стигнал на второто место на дебитантите за оваа година, и станал филм со најголема заработка на отворање во јуни. Исто така во медиумите се шпекулира дека студиото Ворнер Брос ќе сними уште два филма, и тоа “Wonder Woman” и “Aquaman”.