Во Основниот суд во Охрид денеска треба да се одржи второто рочиште од судскиот процес за глисерската несреќа, што се случи минатото лето во Охридското Езеро, во која загина скопјанката Ирина Романова-Муцунска (39).

Обвинението го товари охриѓанецот Христијан Шапкар(31) за  тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Тој на првото рочиште се бранеше со молчење, а на продолжебнието на судскиот процес закажано за денеска треба да бидат сослучани повеќе сведоци на одбраната.

OhridNews