За денес, со почеток во 14 часот, е закажано продолжението на 24- та седница на советот на општина Охрид.

Предвидено е советниците да расправаат по двете Предлог одлуки за утврдување потреба од изработка и донесување на локална урбанистичка планска документација, како и за десетте предлог одлуки за именување и разрешување на членови во управните и надзорните одбори во охридските јавни претпријатија.

OhridNews