По повод 25 март 1860 година кога Григор Прличев добива лаворов венец и награда за поемата „Сердарот“ како победник на конкурсот во Атина, Организацискиот одбор на манифестацијата „1. Детски Прличеви беседи“ распиша неколку конкурси за учество на ученици од основно и средно образование.
Конкурсите се однесуваат за учениците од основните и средните училишта од цела Македонија и тоа за најдобра поетска творба (две категории: основно и средно образование) на тема: „Мајка имаме една, а таткојната је хилјади мајки“ – Г. Прличев, конкурс за најдобар есеј (две категории: основно и средно образование) на тема: „Мајка имаме една, а таткојната је хилјади мајки“ – Г. Прличев, конкурс за најдобар рецитатор (една категорија: средно образование) со напомена да се сними видео со рецитирање на првото пеење од поемата „Сердарот“ и конкурс за најдобар оратор (една категорија: средно образование) каде говорот не треба да е подолг од 5 минути и да се испрати текстот од говорот на тема: „Мајка имаме една, а таткојната је хилјади мајки“ – Г. Прличев.
Од Организацискиот одбор на манифестацијата „1. Детски Прличеви беседи“ информираат дека рокот за учество на манифестацијата е продолжен.
Продолжен е рокот до 22 март 2024 г. за учество на манифестацијата „1. Детски Прличеви беседи“ која ќе се одржи на 30 март (сабота), а резултатите ќе бидат објавени на 25 март, велат.
Додаваат дека творбите може да се испраќаат на електронската пошта: [email protected]
со следните податоци: име и презиме на ученикот, одделение/клас, училиште, ментор и контакт.
OhridNews