Продолжен рокот за пријавување на штети на земјоделските култури на територијата на Општина Дебрца по невремето кое го зафати општината на 24 јуни.
Со цел да се излезе во пресрет на барањата на земјоделците се известуваат дека рокот за поднесување на пријави на штетите на земјоделските култури предизвикани од атмосферската непогода – град која ја зафати територијата на општината се продолжува до 14 јули, информираат од Општина Дебрца.
Во повикот кој беше објавен на 25 јуни Општина Дебрца упати повик до граѓаните кои имаа материјални штети на земјоделските култури да ја пријават штетата до Комисијата за проценка на штети на општина Дебрца.
Беше наведено дека барањето за пријавување на штета на земјоделските култури може да се подигне во архивата на Општина Дебрца или да се преземе од веб страната на www.debrca.gov.mk и пополнето со бараните податоци се доставува до архивата на Општина Дебрца.
Покрај барањето секој барател треба да достави и копија од лична карта со изјава за користење на личните податоци потпишана од барателот и доказ за основ на користење на земјиштето за насадите (копија од имотен лист или копија од решение за запишување на земјоделско стопанство во Единствениот регистар на земјоделски стопанства издадено од МЗШВ или копие од договор за закуп).
OhridNews