Организираторот на баскет турнирот „три на три“, Јавното претпријатие „Билјанини Извори“ го продолжи рокот за пријавување до шести ноември.
Турнирот ќе биде одлична можност за сите вљубеници во најпопуларниот рекреативен спорт на планетата со повеќе од 250 милиони играчи ширум светот, да им даде можност на сите „баскетџии“ од Охрид, Струга и пошироко, да покажат што научиле од илјадниците одиграни партии баскет.
Сите заинтересирани треба да состават своја екипа 3+1 ( играч), да пополнат апликација за учество и да уплатат котизација во висина од 1000 денари по екипа на жиро с-ка 530000200889310 Охридска Банка АД Охрид.
Пријавувањето на екипите и подигнувањето на апликација може да се врши во просториите на ЈП Билјанини Извори – Охрид или на e-mail: [email protected] и facebook : Ј.П. Билјанини Извори – Охрид.
За најуспшните три екипи обезбедени се вредни парични награди од страна на главниот покровител на настанот Општина Охрид, организаторот на турнирот ЈП Билјанини Извори и од собраните средства од котизација.
Натпреварите ќе се играат во спортската сала „Билјанини Извори“, а турнирот се организира по повод чествувањето на 7 – ми Ноември, како ден на ослободувањето на град Охрид. Право на учество ќе имаат сите екипи без разлика на возраста и местото на живеење.
Ohridnews