Со  новиот Закон за домување кој е во процедура се продолжува рокот за откуп на општествените станови на корисниците на станови до 31.12.2010 година. Со пролонгирање на рокот се дава можност за завршување на приватизација на повеќе од  3.000 општествени станови.

Како што информираат од Министерството за транспорт и  врски, со донесувањето на новиот Закон за домување ќе се овозможи целосно уредување на односите во областа на домувањето, се со цел прецизно регулирање на правата и обврските на сопствениците на становите во станбените згради; обврските во однос на одржувањето на заедничките делови и простории во станбените згради и обврските на државните органи и органите на општините во домувањето.

Ohridnews