Општина Охрид за една недела го продолжи рокот за доставување апликации за финансирање проекти од областа на одржливиот локален економски развој и туризмот за 2009. година, кој првобитно требаше  да заврши на 28.11.2009.

– Крајниот рок за пријавување на овој јавен Повик и поднесување на потребната документација, е 4.12.2009. до 15 часот. Ова продолжување на рокот за пријавување проекти по јавниот Повик од општина Охрид, е мотивирано со укажувањето дека на некои потенцијални апликанти им е потребно дополнително време за прибирање на комплетните материјали или пивршување на проектите со кои би аплицирале, соопшти локалната самоуправа.

Ohridnews