Од Националната установа Центар за култура „ Григор Прличев“  информираат дека рокот за доставување на најдобра необјавена поема на македонски јазик „ Григор Прличев“ за 2015 година е продолжен.

Јавниот оглас трае до 20-ти октомври 2015 година, а темата на поетите е слободна, но делото да не биде помало од 912 стихови, конкурсот е анонимен, а ќе следува и парична награда. За наградата одлучува тричлено жири сотставено од стручни лица, објаснува директорката на Центарот за култура, Драгана Боцевска.

Сите заинтересирани автори своите поеми кои треба да се под шифра, да ги испратат до НУЦК “Григор Прличев” , ул.Македонски Просветители бр.4, во четири  примероци, а петтиот примерок да го имаат кај себе. Конкурсот се реализира по повод и во рамките на манифестацијата „ Прличеви Беседи“  која се одржува во месец февруари со поддршка на Министерството за култура.

OhridNews