Фудбалерите на Баерн Минхен ја освоија титулата и во Супер купот на Европа. „Баварците“ во спектаклот во унгарскиот град Будимпешта славеа против составот на Севиља со 2-1 после дополнителни продолженија. Регуларниот дел од мечот заврши 1-1.

„Баварците“ офанзивно го започнаа натпреварот, но Севиља беше екипата која го отвори резултатот. Окампос во погодок го претвори ударот од белата точка во 13-та минута од мечот. На германскиот гигант му требаа 20-тина минути да се консолидира. Леон Горецка во 34-та минута изедначи и ги врати работите на почеток.

Во второто полувреме немаше голови, но шанси имаше. Нојер во неколку наврати фантастично реагираше и не дозволи погодок, додека на спротивната страна ВАР системот му поништи два голови на Баерн Минхен.

Одлуката за победникот падна во продолженијата две по 15 минути. Во првото мрежите мируваа, а голот за одлука го постигна Хави Мартинез во второто продолжение. Шпанецот се најде на вистинско место и ја погоди целта.

Баерн Минхен со освојување на титулата во Супер купот на Европа на најдобар можен начин стави печат на минатата сезона, во која ги освои трофеите во Лигата на Шампиони, Бундес лигата и германскиот Куп.

OhridNews