Убедливо, најголемо внимание денеска привлекува дуелот на Енфилд, помеѓу минатогодишниот финалист Ливерпул и калчо гигантот Интер.Ливерпул во домашното првенство заостанува 19 бода зад лидерот Арсенал, а викендов испадна и од битката во ФА Купот на Англија, откако на свој терен загуби од второлигашот Барнсли. Сега за „црвените“ останува само уште ЛШ. Италијанскиот првак Интер е екипата со најконстантна форма сезонава. „Нераѕурите“ сезонава имаат загубено само еден меч во сите натпреварувања, и тоа од Фенербахче, во Турција, во првото коло од ЛШ. Интер на домашна сцена (Серија А и Купот) нема пораз, а во првенството е убедлив лидер, со 11 бода предност пред втората Рома.
Ќе успеат ли доминацијата во Италија, да ја пренесат во Европа.
Ливерпул и Интер во евронатпреварувањата играа само во далечната 1964/65 година, во елитното натпреварување. По двата меча, Интер продолжи понатаму со вкупен резултат од 4-3, кога подоцна „нераѕурите“ стигнаа и до втората титула во тогашниот Куп на европски шампиони.
Ништо помалку интересен нема да биде и дуелот, помеѓу фудбалерите на Рома и Реал (М). Најтрофејниот европски клуб, Реал Мадрид, походот кон 10. европска круна го продолжува на Олимпико против Рома. Двата тима мечот го пречекуваа со порази во домашното првенство и со проблеми со повредени играчи. „Волчицата“ има проблеми со нападот, кој даде само два гола на последните три меча. Капитенот Франческо Тоти и голгетерот Мирко Вучиниќ се недоволно закрепнати, но би требало да играат. Тоти има проблеми со зглобот на ногата, а Црногорецот Вучиниќ има истегнат мускул на бутот.
Реал има уште поголеми проблеми со повредите. Бразилецот Робињу, кој е во одлична форма, е повреден исто како и офанзивните Весли Снајдер и Хавиер Савиола и бековите Пепе и Криштоф Метцелдер.
Кореографија на Олимпико од последниот натпревар Рома – Реал
Шампионот од 2004 година,Порто се враќа на местото на злосторот, на Ауф Шалке Арената каде го освои послениот трофеј. Шалке е единтвената екипа од Германија во нокаут-фазата, непријатна контролка пред овој меч имаше Шалке, откако загуби на свој терен со 1-2 од Волфсбург. Порто е убедлив лидер во домашното првенство со 10 бода пред Бенфика.
На Ауф Шалке арената го постигнаа најголемиот успе 2004
Фаворит барем на хартија е лондонскиот премиерлигаш, Челзи. Поради лошото време англичаните имале драма во авионот при доаѓањето во Атина. Cнежно невреме било пречка за слетување на авионот во кој се наоѓале фудбалерите и раководството на Челзи. Поради тоа пилотот на авионот добил наредба да не слетува на атинскиот аеродром од закана за голема опасност од катастрофа. Следело двочасовно кружење над грчкиот град поради што и настанала паника во авионот. “Не ни беше сеедно. Не ни беше пријатно тие 90-тина минути а може и подолго. Впрочем, секоја минута ми изгледаше како час.” –изјавил по се капитенот Џон Тери. По некое време пилотот сепак добил зелено светло за слетување, кое поминало без проблеми.
Снегот најголем проблем за англичаните
Двојки за денеска: Шалке – Порто, Рома – Реал (М), Олимпијакос – Челзи, Ливерпул – Интер.
Реванш натпреварите се закажани за 5. март, а реваншот помеѓу Интер и Леврпул ќе се одигра на 11. март.