Како што пренесува „Макфакс“ повикувајќи се на дописничката на БЕТА од Варшава, аферата ја откриле репортери на приватната полска телевизија ТВН, јавува дописничката на Бета од Варшава, а полскиот премиер Доналд Туск во понеделникот побара детална истрага во врска со овој случај.
Во компанијата Амвил од Вроцлав купувале по 1.000 тони техничка сол месечно, а исто толкаво количество подоцна и продавале.
Првите нарачки на техничка сол започнале во 2002 година, соопштија полицијата и Обвинителството во Познањ, кои ја презеле истрагата.
Годишно трите компании со измама на муштериите можеле да заработат околу 1,4 милиони евра. Тие солта ја купувале по цена од седум евра за тон, ја сушеле, ја препакувале и ја продавале десет пати поскапо, како сол за јадење на компаниите во прехранбената индустрија.
Пет лица се уапсени и обвинети за загрозување на здравјето на потрошувачите.
извор: „Макфакс“