Британецот Николас Стјуарт од Блекпул е уапсен бидејќи на туристите во тој град им продавал лажно виски во кое наместо алкохол имало мокрача. Стјуарт пијалокот го продавал по 10 фунти. Покрај вискито, тој продавал и водка.
Со анализа било утврдено дека во шишињата немало алкохол, туку обична вода помешана со мокрача и измет. Тие пијалоци биле опасни по здравјето бидејќи луѓето можеле да се заразат со ешерихија коли. Стјуарт е казнет со 70 дена затвори и условна казна од 12 месеци доколку направи ново кривично дело. Неговиот адвокат рекол дека Николас продавал лажно виски бидејќи парите му биле потребни како би можел да купи храна.