Аргентинската полиција открила необична измама пратејќи ги огласите во весници за купопродажба на недвижнини. Во еден од огласите на продажба се нудела куќа по исклучително ниска цена, заедно со трупот на нејзиниот сопственик.


Вниманието на полицијата и го привлекло тоа што двокатната вила во населената област недалеку од Буенос Аирес се продавала за 100 000 евра, што е третина од својата вредност. Кога истражувачите дошле на лице место, изненадувањето било уште поголемо : 86-годишниот сопственик лежел мртов во постелата, а трупот му бил веќе засушен. Огласот го објавил неговиот сосед кој се грижел за него до смртта. Утврдено е дека смртта настапила природно. Старецот немал свои наследници. Соседот одлучил незаконски да ја продаде куќата и да ги задржи парите од продажбата. На суд ќе одговара за обид за измама.