Според полицијата, пријавениот во периодот од втората половина на 2009-та година, па се до месец февуари оваа година, вршел континуирана продажба на опојна дрога Хероин на наркозависници од Охрид.
По добиените оперативни сознанија за времето и местото на продажба на дрога, пријавениот на 4-ти февруари 2010-та година околу 21 часот, во близина на неговиот дом, бил затекнат при самиот чин на продажба на помала количина хероин, на двајца наркозависници од Охрид. Забележувајки ги полициските инспектори, тој од раката исфрлил паковка од алуминиумска фолија, во која бил ставен хероинот. Истиот хероин, наркозависниците требало да го купат по цена од 5оо денари.
Извор: СВР-Охрид