Британецот Џон Џејкобс ги шокирал експертите објавувајќи дека го продал својот виртуелен диско клуб за неверојатни половина милион долари, што е рекордна продажба од ваков вид во историјата. Клубот „Never Die“ го дизајнирал во играта Entropia Universe, игра во која играчите колонизираат разни планети и можат да продаваат предмети и виртуелни недвижности за вистински пари.


Клубот го изградил на виртуелен астероид кој лебди околу виртуелна планета. Го опремил со стадион и трговски центар, и на него до сега заработувал по 200 илјади долари годишно од продажба на роба во продавниците. Астероидот на кој го изградил клубот го купил 2005 година со парите од хипотеката на својата вистинска куќа во која живее.