Кинезот Џин Фан продал се што имал како би направил платформа за слетување и хотел за вонземјани на својата фарма 100 километри од градот Далијан на северот на Кина. Неговата сопруга, која не го дели неговиот ентузијазам, рекла дека ги продал двата стана и ги оставил да живеат во 50 квадрати. Целосно бил предаден на својата цел и немала срце да го натера да се откаже од неговата замисла.


Тој изградил две куќи доколку би слетале вонземјани, а сега бара партнери кои би ја одржувале фармата и би ја користеле како база за посматрање. Тој по занимање е инженер, кој во 1984 година основал друштво за истражување на НЛО, кое моментално брои околу 400 членови.