Парче од скалите од Ајфеловата кула е продадено на аукција во Париз за 80 550 евра, изјавила аукциската куќа.
Пред продажбата е проценето на помеѓу 60 000 и 80 000 евра. Парчето од скалите го купил еден бразилски бизнисмен кој има намера да го намести „кај него во Европа“, изјавил не наведувајќи детали.
Осумнаесетте скали, произведени 1889 година и тешки околу 700 килограми, достигаат висина од три и пол метри. Се наоѓале помеѓу вториот и третиот кат на кулата.
Скалите во 1983 година се демонтирани и продадени во делови.
Минатата година, речиси идентично парче е продадено за 180 000 евра, а кон крајот на идниот месец на аукција ќе се најдат уште неколку скали.