Шише бело вино старо 200 години постигнало нов Гинисов рекорд бидејќи било продадено по цена од 121 илјада долари.

Купувачот на шишето „Шато Диквем“ од 1811 година е приватниот колекционер Кристијан Ванек, поранешен сомелиер во ресторанот “La tur darzan” во Париз. Оваа сорта вино е позната како една од најфините и најскапи слатки бели вина, а винските ентузијасти посебно ја ценат серијата од 1811 година. Климата од таа година, коментарите по дегустацијата, како и појавувањето на големата комета таа година, укажуваат на врвен квалитет на виното.


Ванек рекол дека тоа е многу посебно вино и дека важи за едно од најпознатите бели вина на светот. Тој додал дека ова ретко вино десега било тестирано три пати и дека секој пат ги добило маскималните пет ѕвезди. Високата концентрација на шеќер во „Шато Диквем“ значи дека ова вино има значително подолг век на траење од останатите. Виното во наредните шест години ќе биде изложено во ресторанот на Ванек на Бали во непробоен сандак во кој ќе се контролираат температурата и влажноста.