Вештачките заби кои биле направени за британскиот премиер Винстон Чечил за време на Втората Светска Војна се продадени на аукција за речиси 20 000 евра. Забите се посебно изработени за да го прикријат Черчиловото “шушкање“ за време на радиските говори, а достигнале тројно поголема цена од почетната.


Продадени се на колекционери од Велика Британија, а ги продал Најџел Кадлип, син на човекот кој ги изработил.