Цилиндар премачкан со восок, стар повеќе од сто години, на кој се наоѓа една од најраните познати снимки на црнечка вокална група, бил продаден на аукција за 1100 долари. На снимката се наоѓа нумерата “Mama’s Black Baby Boy” на составот “Unoque Quartet” од 1893 година, пренеле агенциите.

Друга нумера на “Unoque Quartet”, “Who Broke the Lock (on the Henhouse Door)?”, од 1896 година била продадена на истата аукција за 1900 долари. Овие снимки потекнуваат од времето кога сеуште не биле користени грамофонски плочи, туку цилиндрите кои ги осмислил Томас Едисон биле премачкувани со восок. Снимките на цилиндри се многу ретки, а посебно ретки се оние со снимки на црнечки изведувачи.