За наредната пролет во Македонија се продадени голем број аранжмани за туристи од Австрија соопшти македонскиот амбасадор во Австрија Ѓорѓи Филипов на
Туристичкиот саем на тур-опереатори во Виена, каде Македонија ги
презентираше туристичките потенцијали.
Според најавите, македонско-австриската туристичка агенција „МакСан-Травел“, продала 15 илјади аранжмани, од кои голем дел за во Македонија, вклучително и осум чартер летови Виена-Охрид, пренесува „МИА“.
Македонија била вклучена во каталозите и од чисто австриската компанија „Клуг туристик ГмбХ“, партенр на „ТУИ рајзе центар“. Сопственикот на компанијата го информирал амбасадорот дека на таков чекор се одлучил следејќи го интересот на австриските туристи и позитивните искуства на „Мак Сан Травел“.