Дел од оригиналните скали од Ајфеловата кула е продаден на аукција во понеделникот за 105 400 евра, објавила аукциската куќа Дроут.


Осумметарскиот железен спирален дел, кој се состои од 40 скалила, е продаден на непознат купувач. Скалите од најпознатиот париски споменик се тргнати за време на обновата во 1983 година.

Експертите очекувале цена од 60 000 до 80 000 евра, и покрај фактот што сличен дел од скалите на претходна аукција е продаден за 550 000 евра.