ВЦ шолјата која му припаѓала на Џон Ленон беше продадена на аукција за 14 илјади долари, што е за десет пати повеќе отколку што била проценета. Таа била еден од предметите продадени на аукцијата каде биле понудени повеќе предмети на Битлси. Аукцијата била организирана во нивниот роден град Ливерпул.
Купувачот останал анонимен. Шолјата била направена од бел порцелан и украсена со сини цветови. По реновирањето на куќата, Џон шолјата ја поклонил на градежното претпријатие Џон Хенкок кои ја користеле како саксија за цвеќа. Цената по која била продадена шолјата ги изненадила организаторите на аукцијата.