Торта стара 70 години била продадена на аукција во хуманитарни цели во американската држава Охајо. Според медиумите, купувачот, кој сакал да остане анонимен, дал 525 долари за овој десерт направен уште за време на Втората светска војна. Иако стара седум децении, тортата ја задржала својата форма и консистенција благодарение на херметичкото пакување.

Датумот на амбалажата покажувал дека тортата била направена во 1941 година и дека од непознати причини била вратена во продавницата. Менаџерот на продавницата тортата ја однел во сојот дом, каде тој и неговиот син ја пронашле многу години подоцна кога го средувале подрумот. Парите од продажбата на историската торта биле наменти за бездомниците во Охајо.