Група инвеститори од Јужна Кореја ја купила популарната „Сан Франциско Офис тауер“, највисоката зграда во овој град за 333 милиони долари. Зградата висока 33 ката и припаѓала на компанијата „Принсипл Фајненшл Груп“. Истата зграда од оваа компанија претходно била купена за 370 милиони долари, но во меѓувреме цената на недвижностите многу опаднала.


Изнајмувањето на првокласниот деловен простор во Сан Франциско моментално чини 328 долари за метар квадратен. Истата група финансиери од Јужна Кореја планира наскоро да го купи и берлинскиот Сони Центар за 768 милиони долари.