Куќарка од 17,5 метри квадратни во северниот дел на Лондон, која некогаш била цвеќара, продадена е за повеќе од 349 илјади евра. Ниту површината ниту цената на оваа куќа не ги уплашиле потенцијалните купувачи. Огласот за продажбата објавен на сајтот за недвижнини Зупла, бил најпосетен оглас оваа година, со 220 илјади прегледи, пренеле британските медиуми.

Куќичката се наоѓа во престижниот лондонски кварт Излингтон, одлично е адаптирана и има кревет на масандра, мал тоалет, кујна и дневна соба. Оваа куќа е единствена во секој поглед и поради тоа е скапо продадена, објаснил агентот за недвижности ангажиран за нејзината продажба.