Атрактивната локација под Плаошник  на денес одржаното електронско наддавање кое траеше повеќе од два часа, е продадена за 51000 денари за метар квадратен, на понудувач од Скопје.Почетната цена за отуѓување на градежното земјиште кое беше во државна сопственост, изнесуваше 1543 денари по м2.

Градежната парцела која се наоѓа од левата страна од патеката која води до црквата „ Св. Јован“ Канео е со  вкупна површина од 201 м2 и површина за градење од 90,9 м2. Според урбанистичкиот план максималната  висина до венец  е од 3,9 м  и катност- Приземје  ( минус две нивоа).  

Како што беше најавено општина Охрид од продажбата на земјиштето ќе инкасира 80 проценти од средствата, а 20 проценти ќе одат во буџетот на Република Македонија. Општината се очекува да инкасира средства и по основ на комуналии за изградба на објектот.

Т.К.