Ексклузивен руски хотел купил 200 шишиња шампањ кои 80 години лежеле на дното на морето во близина на финскиот брег. Хотелот Карлтон Риц во Москва издвоил поголема сума за морското богатство.
Шампањот од 1907 година бил испратен до руската кралска фамилија во 1916 година, но бродот кој го превезувал потонал крај финската обала. Нуркачите, неоштетените шишиња ги откриле во 1997 година.
Карлтон Риц, еден од најскапите хотели на светот, во кој ноќевање чини и до 15.000 евра, едно шише од шампањот ќе го продава по цена од 20.000 евра.