Петтособен стан во Хонг Конг бил продаден за рекордна сума од 39 милиони долари, и со тоа станал најскапиот стан на светот. Според соопштението на Радио Слободна Европа, се работи за стан на 68-ми кат на еден облакодер во луксузниот резиденционален кварт Мидлвелс.


Според локалните медиуми, станот го купил некој кинески бизнисмен кој сакал да остане анонимен. Покрај петте соби станот содржи и огромна дневна соба, повеќе тоалети, сауна, теретана како и просторија за јога.