Најскапиот стан на светот, двоетажен пентхаус со поглед на центарот на Лондон бил продаден на еден непознат тајкун за околу 200 милиони американски долари. Еден квадратен метар од станот чинел околу 10 илјади американски долари.


Станот има таен премин до хотел, чиј ресторан работи 24 часа наден, сигурна соба во случај на грабеж, персонално обезбедување, прозорци отпорни на куршуми, прочистувач на воздухот во случај на напад со отровен гас. Освен овие безбедносни содржини станот има уште и базени, спа центар, терен за сквош и подземна гаража.