Во Виена на аукција бил продаден најскапиот фотоапарат на светот, а станува збор за камера на фирмата Laica од 1923 година. Овој фотоапарат бил продаден за сума од 2,16 милиони евра, со што бил поставен нов светски рекорд. Веќе петти пат по ред во Виена бил поставен рекорд за цена на фотоапарат кој бил продаден на аукција.
Почетната цена за оваа камера била 300 илјади евра. Фирмата Laica произвела само 25 вакви фотоапарати во 1923 година, пред почетокот на сериското производство. Од овие камери се сочувани само 12 парчиња, поради што се многу барани кај колекционерите.