Во склоп на мајската продажба на ексклузивен накит која во Женева традиционално ја организираат аукциските куќи Сотби и Кристи, оваа седмица за 17,8 милиони долари продаден е брош кој во 1912 година за директорот на рудникот за дијаманти во сопственост на Де Беерс го изработил Картие и се смета за едноод најубавите парчиња накит од периодот на рецесијата во светот. Брошот го сочинуваат четири големи дијаманти, а на аукција е продаден за шест пати поголема цена одколку во 1991 година, кога на аукција го купил еден европски колекционер за 2,7 милиони долари. На овогодинешната аукција истиот колекционер понудил уште 14 парчиња накит и за нив вкупно добил 32 милиони долари. За купување на единствениот брош се наддавале уште двајца понудувачи, а негов нов сопственик е лондонската златара “Symbolic and Chase”.

Меѓу продадените исклучително вредни предмети е и син дијамант кој со 13,22 карати се смета за најголем на светот во својата категорија. За 23,8 милиони долари го купил американскиот златар Хери Винстон. Организаторите се пофалиле дека во женевската сала после многу години се насобрале толку многу заинтересирани купувачи. Станува збор за најголемата продажба на накит досега организирана во светот со рекордна заработка. Имено, од понудените 217 предети Кристи заработи 154 милиони долари, а Сотби остварила заработка од 141,5 милиони долари.