Во последните 24 часа се направени 539 тестирања, а регистрирани се 83 нови случаи на ковид-19, од кои 1 во Охрид и 3 во Струга. Најмногу нови случаи и денеска има во Скопје – 34.
Починати се 4 лица, три пациенти од Скопје (66г., 88г. и 62г.) и еден од Тетово (73г.).
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 146 оздравени пациенти, 1 од Охрид.
Досега во земјата се направени вкупно 195.541 тестирања на Ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 18873, бројката на оздравени пациенти е 15487, на починати е 760, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2626.
OhridNews