Во изминативе две недели, и покрај благиот раст на активни случаи со ковид-19, процентот на хоспитализирани бележи пад од речиси 2%, односно од 11,5% на 15 јули на 9,7% на 23 јули, информира министерот за здравство Венко Филипче.

Во континуитет, процентот на хоспитализирани од вкупниот број на активни случаи не надминува повеќе од 12%, истакна Филипче.

Да ги почитуваме мерките, да се заштитиме себеси, здравствените работници и да го одржиме нашиот здравствен систем стабилен. – порача министерот за здравство.

OhridNews