Проблемот со електричната енергија е минато за Јавното претпријатие „Билјанини Извори“  откако со ЕВН склучија договор на рати да се исплати долгот од 9 милиони денари.


– ЈП „Билјанини Извори“ со посредништво од Општината Охрид склучи договор со ЕВН за плаќање на рати на долгот, кој изнесува 9 милиони денари. Во летниот период кога ќе имаме поголем прилив на финансии ратите ќе бидат поголеми, а до тогаш ќе мора навреме да ги исплаќаме договорените средства- рече за Ohridnews, директорот на ЈП „Билјанини Извори“, Ристе Мишев.

Струјата во СРЦ „Билјанини Извори“ беше исклучена на средината од ноевмри минатата година, а конечно по повеќе од три месеци екипите ќе се вратат во спортскиот дом.

Ohridnews