Во Виена денеска се одржува Самит за Западен Балкан на кој ќе учествуваат лидери од регионот и ЕУ со цел да се поттикне европскиот пат на регионот, но и поради моментната ситуација, да се обиде да се најде решение за проблемот со мигрантите.

Самитот е продолжение на берлинскиот процес од лани инициран од германскиот канцелар Ангела Меркел и кој има за цел поттикување соработка на Балканот.

Денешниот ден ќе почне со прес конференција на шефовите на дипломатии и европскиот комесар за проширување Јоханес Хан кој ќе извести за целите на Самитот. Потоа ќе биде одржан состанок во врска со изградбата на автопатот Ниш-Приштина-Драч како и работен појадо на министрите за економија од регионот и ЕУ.

Самитот ќе го отвори австрискиот канцелар Вернер Фајман. Виенскиот самит ќе биде можност и за претставување на други инфраструктурни проекти на регионот.

OhridNews