Денес и утре во Атина, како активност во рамките на Дримскиот Процес, се одржува работен состанок на експерти од сите Земји на Дримскиот басен (Македонија, Албанија, Црна Гора, Косово, Грција).

Експертите активно ќе работат на анализа на причинско последичните врски на проблемите во Дримскиот басен и суб басените на езерата Охридско, Преспанско и Скадарско.

Исто така ќе се утврдуваат причините за нарушувањето на квалиттеот на водите во басенот, нарушувањето на биодиверзитетот, варијабилноста на хидролошкиот режим и транспортот на седимент,(се во прекуграничен контекст), но и ќе се утврдуваат и активности за реакција и спречување на причините.

Целата анализа е контрибуција во изработката на Стратешкиот Акционен План за сливот на реката Дрим, што ќе биде документ кој државите ќе го преговараат во контекст на приоритетите за заштите и управување на целиот слив но и неговите под-сливови. – истакна Дејан Пановски, национален координатор на проектот.

Соsтанокот е организиран и воден од страна на Глобалното партнерство за води – Медитеран кој е егзекутивен спроведуцач на ГЕФ Дримскиот Проект.

OhridNews