Проблемите во македонската ракометна репрезентеција се минато пред реванш дуелот со Австрија. “Македонската фаланга“ со пет голови предност патува на последната пречка за пласман на завршницата од Светското првенство во Шпанија 2013 година.

На првиот меч одигран во салата “Борис Трајковски“, голманот Борко Ристовски имаше недорзбирања со одбранбениот тандем Јоновски – Маркоски. Со извинувањето на “министер за одбрана“ проблемите се надминати и сите од таборот на репрезентацијата најавуваат пласман на СП.

Друг на тапет кај селекторот Шундовски се најде левото крило Дејан Манасков кој упатил погрдни зборови на сметка на тренерот по излегувањето од игра на мечот со Австрија.

Натпреварот против Австрија, македонските репрезентативци го играа в сабота.

Мх.П.