Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле гунар Солскјаер се соочи со големи проблеми во пресрет на тешкиот и згуснатиот распоред на клубот од Олд Трафорд. Норвежанецот поради повреди на располагање  ќе ги нема Ентони Марсијал и Џеси Лингард.

Офанзивните фудбалери најмалку ќе отсуствуваат две недели, а најмногу три недели и со сигурност ќе ги пропуштат дуелите со Челси во ФА Купот и дерби мечот со Ливерпул во англиската Премиер лига. Дуото со повредите се здоби на средбата со Пари Сент Жермен во 1/8 финалето во Лигата на Шампиони.

  • Како што стојат работите Марсијал и Лингард ќе паузираат одредено време. Нивното отсуство ќе биде голем хендикеп за нас, но мора да ја пребродиме и оваа ситуација. – изјави Солскјаер.

Норвешкиот стручњак најави дека повредите на Марсијал и Линград мора да ги искористат Алексис Санчез и Ромелу Лукаку кои не добиваат голема минутажа после тренерската смена на Олд Трафорд. Манчестер Јунајтед дуелот со Челси го игра во понеделник, а дерди средбата со Ливерпул в недела на 24 февруари.

OhridNews