Проблеми во мрежата на А1 во реонот на Охрид денес. Имено корисниците на услугите се соочуваат со потешкотии во остварување на услугите во однос на мобилната мрежа и интернетот.

Од компанијата А1 велат дека нивните тимови интензивно работат со цел што поскоро решавање на проблемот.

Во моментов се соочуваме со технички потешкотии во реонот на град Охрид, поради кој не сме во можност да овозможиме користење на нашите услуги. Нашите екипи веќе работат на отстранување на потешкотиите во најбрз можен рок, информираат од компанијата А1.

Н.С.Ј.