Општина Охрид доби решение од овластен инспектор од Државниот здравствен и санитарен инспекторат да постави табла со предупредување дека водата на потегот околу реката Грашница е загадена. Анализите на Центарот за јавно здравје кои биле направени од мостри на вода земени од тоа место покажале дека таа не е погодна за спорт и рекреација.

Општина Охрид информира дека проблемот не се должи на нефункционалниот колектор во овој дел од крајбрежјето, туку на проблемот со канализационата мрежа по течението на реката Грашница.

Tука на тој потег имаме испуст проекторан во склоп на колекторскиот систем, кој е за итни случаи и при големи и обилни врнежи има прелевање во езерото. Меѓутоа ние месеци наназад немавме обилни врнежи во Охрид и прелевање во езерото. Најверојатно причина за загадувањето се нелегални канализациони приклучоци во реката Грашница кои ние ќе треба соодветно да ги третираме. – изјави градоначалникот на Охрид Константин Георгиески.

OhridNews