Проблематичниот актер Чарли Шин пишува книга која планира да ја продаде за десет милиони долари. Шин се согласил да напише книга бидејќи сакал да обелодени што се се случувало зад сцената на снимањето на серијата „Два и пол мажи“ која се снимала цели осум години. Насловот на книгата ќе биде „Кога смеењето престана“.


Чарли Шин неодамна го прекинал снимањето на оваа серија кога ги извреѓал продуцентите, а портпаролот на актерот, Стен Розенфелд изјавил дека доколку не продолжи снимањето на серијата Шин ќе пронајде нов начин за заработка, најверојатно алудирајќи на пишувањето на книгата.