Екипата на Ливерпул остана без столбот во одбраната, откако повредата на коленото на Вирџил ван Дајк во дерби средбата со Евертон се покажа многу сериозна. Натпреварот после голема драма заврши 2-2
Холанѓанецот ќе мора да оди на операција и да ја санира повреда на вкрстените лигаменти. Стоперот на „црвените“ го повреди голманот Џордан Пикфорд кој стартуваше прегрубо. Пикфорд поради офсајд позицијата на Ван Дајк помина без црвен картон.
Ван Дајк сигурно ќе отсуства шест месеци, а дилема ќе биде колку ќе биде подготвен, со оглед дека тој ќе се врати пред крајот на сезоната.
Дефанзивецот на „Енфилд“ се пресели од Саутемптон за тогаш рекордни 75 милиони евра за фудбалерот од одбраната.
OhridNews