Италијанскиот шампион Јувентус активен е на трансфер пазарот доведувајќи нови фудбалери, но Гонзало Игуаин може да ја расипе добрата работа, откако одби преселба од Торино.

Аргентинскиот голгетер минатата сезона ја помина како позајмен фудбалер во Милан и Челси, а англискиот премиерлигаш не ја активираше клаузулата за откупување па автоматски Игуаин се врати во Јувентус.

Клубот од Торино најде купци за Игуаин, но Аргентинецот одби трансфер, со надеж дека може да се избори за место покрај Марио Манџукиќ и Кристијано Роналдо во тимот на новиот стратег Маурицио Сари.

Игуаин во Јувентус се пресели од Наполи за рекорден трансфер во Серија А. Интересно, тогаш предводник на „азурите“ беше Сари, кој не го прежали Игуаин, а како ќе изгледа и дали ќе соработуваат двајцата повторно останува да видиме.

OhridNews