Проблем со пропустите за вода е констатиран денес при увидот од директорката на Центарот за развој на Југозападен плански регион и Градоначалникот на Општина Вевчани Спасе Кочовски на градежните работи на пристапниот пат кој води до земјиштето „Зодишта“.
Наидовме на проблем со пропустите за вода, доколку не се изведат истите, инвестицијата ќе пропадне. Нема да го дозволиме тоа. А во иднина ветуваме дека ќе внимаваме на квалитетот на изведбата на секоја инвестиција која ќе се случи во Вевчани, информираше градоначалникот Кочовски.
Тој додаде дека проблемот ќе се реши и воедно најави продлабочување на соработката со Центарот за развој на Југозападен плански регион.
OhridNews