Дупчалката „Сиси“ ги проби последните сантиметри земја отворајќи го второто окно од најдолгиот тунел во светот кој се протега под швајцарските Алпи.

Тунелот кај Сент Готхард е  долг 57 километри. Низ него ќе поминува пруга за експресен воз која според најавите ќе биде функционална во 2017 година. Новото светско чудо дневно ќе прима и до 300 возови, и се очекува да го скрати патот меѓу Цирих и Милано за час до час и половина.

Досегашен рекордер беше тунелот „Сеикан“,долг 53,8 километри ,кој ги поврзуваше јапонските острови Хоншу и Хокаидо. Трет на листата е тунелот под каналот „Ла манш“ кој ги поврзува Британија и Франција, во должина од 50 километри.

Пробивањето на најдолгиот тунел во светот траеше 11 години и чинеше десет милијарди долари. На него работеа 2.500 луѓе, а осуммина ги загубија животите на најголемото градилиште во светот.

OhridNews